СОНК исчезна, но сепак штpajк ќе има?

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) за сабота (19 март) најави протест, со кој бараат усогласување на минималната плата во пресметката на плата согласно колективните договори. Собирот започнува од 10:30 до 11 часот од паркингот кај хотелот „ВИП“ (спроти East Gate) со правец на движење кај Владата, каде е најавен синдикален камп, пренесува Радио Моф.

Претседателот на НСОН, Томислав Гиевски за Радио МОФ вели дека репрезентативниот образовен синдикат СОНК најавил штрајкови и порадикални активности доколку до 15 март не се усогласи минималната плат со колективните договори. Но, вели тој, досега не виделе припрема за штрајк, па НСОН како втор најголем синдикат ја продолжува борбата.

„Почетната плата на наставник, на стручен соработник во секторот образование изнесува 24.800 денари, што е за околу 5.200 денари под моменталната просечна плата. Значи, почетната плата е многу пониска од републичкиот просек“, посочува Гиевски.

Целата статија можете да ја прочитате на РАДИО МОФ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.