Природа, планини, езера… Идеални за кампување, идеални за активности, идеални за одмор. Ако се одлучите за едно од овие 6, сигурни сме дека нема да погрешите.
Езеро Комо
Италијанските езера се во врвот на понудата, како и италијанските градови. Езерото Комо на сверот од Италија зазема површина од 146 километри квадратни, а е едно од најдобрите во Европа.
Тука голем број богаташи имаат изградено свои вили, затоа што е навистина преубаво, па немојте да се зачудите ако додека шетате го начекате Џорџ Клуни и други. Секако, целата таа убавина има и своја цена, па така Комо е се’ само не и ефтино место.
Езеро Гарда
Најголемото езеро во Италија лежи во подножјето на Алпите, на околу пола пат помеѓу Венеција и Милано. Езерото со време станало топ туристичка дестинација, со голем број луксузни хотели, но и апартманско сместување.
Најмладите посебно се радуваат на одењето во градот, затоа што во негова близина се наоѓа “Гардаленд”, еден од најпопуларните европски завабни паркови.
Езеро Маџоре
Езерото кое ги дели Швајцарија и Италија е оаза за туристите со длабоки џебови. Сепак, езерото на мапите се појавило дури на почетокот од 20 век, кога тунелот Симплон во Алпите го овозможил движењето на Ориент експрес.
Во тој момент на брегот од езерото започнале да никнуваат вили, од кои голем број функционираат и денеска.
Езеро Блед
Ова словенечко езеро воодушевува со својата убавина, а во негова близина можете да уживате во луксузните, но и обични апартмани. Цената на сместувањето се поволни, а природата ќе ве остави без здив.
Скадарско Езеро
Најголемото езеро на Балканот е сместено помеѓу Црна Гора и Албанија. Езерото изобилува со богата флора и фауна – тука живеат повеќе од 270 врсти на птици. Со текот на времето, на езерото се развиле и бројни спортски активности.
МАКЕДОНСКИОТ БИСЕР – Охридско Езеро
Нема што многу да се кажува, кога и самите знаете дека е најубаво во целиот свет. Колку и да звучиме нескромно, наше си е наше!