Совршена за после Велигден – диета со јајца

По завршувањето на празниците вообичаено добиваме по некој килограм повеќе, па веројатно сите веќе размислувате за диета. Еве како можете најдобро да ги искористите велигденските јајца.

 

vareni-jajca-1-640x421

Диетата со јајца се држи шест дена или пак двапати по шест дена, односно само дванаесет дена. Слабеењето е индивидуално, но во просек се губат по 3 до 4 килограми. За време на диетата треба да се консумира големо количество на течности, природно цедени сокови и вода. Дневната доза на течности кои треба да се испијат е 2 до 2, 5 литри. За време на ручекот дозволена е чаша бело или црвено вино.

Појадокот и ужината се за сите денови исти.

Појадок – Овошен јогурт. Подобро е ако сами може да го подготвите. За тоа е потребно ацедофилен јогурт (половина литар) и сезонско овошје по желба.

Ужина– Ужината се состои од природно цеден сок од јаболка, морков и грејпфрут, 2 до 3 чаши.

Прв ден

Ручек – 3 варени јајца, марула, младо кромитче, маслиново масло, маслинки.

Состојките се мешаат и белковините се сосема доволни за да го заситат организмот. На крај од ручекот може да се напиете бистра супа.

Вечера – 2 варени јајца, шопска салата.

Втор ден

Ручек – Спанаќ се динста со маслиново масло, кромид, лук, домати и морков. Откако спанаќот ќе се издинста се рендаат 2 варени јајца. Дополнително, направете салата од цвекло, морков и зелка.

Вечера – 1 варено јајце со 1-2 лажички немрсна павлака, маслиново масло и младо кромитче се мешаат. Дополнително, направете салата од домати, марула и младо кромитче.

Трет ден

Третиот ден се базира само на овошје и зеленчук. Овошјето се јаде во претпладневните часови, а салатата е разновидна. Може да се напиете и ацедофилен јогурт.

Четври ден

Ручек – Вариво од зеленчуци, по можност брокула, карфиол, кељ и прокељ се динстаат со маслиново масло и малку сол. Потоа се додаваат 3 изрендани варени јајца и 1 до 2 лажички немрсна павлака.

Дополнително, салатата направете ја од марула, младо кромитче и маслинки.

Вечера – 1 варено јајце, кромид и краставица.

Петти ден

Ручек – Издинстана коприва или штавеј со маслиново масло се мешаат со 3 варени јајца, кромид и 3 домати. Може да се напиете и една чаша ацедофилен јогурт.

Салатата направете ја од цвекло, целер и морков.

Вечера – 1 јајце, марула, немрсна павлака, кромид, ацедофилен јогурт.

Шести ден

Шестиот ден е ист како и третиот ден, само на овошје и зеленчук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.