Советничката во Советот на општина Прилеп од редовите на СДСМ, Ивона Кузмановиќ, која во јавноста стана позната по прочитаната прес конференција дека Народноослободителната борба траела од 11. Октомври 1944 до 3. Ноември истата година…, денеска излеза со прес за новоизградената градинка во населбата “Точила” во Прилеп и жестоко се обиде да ги нападне локалните власти.
-Ова е недовршената детска градинка во прилепската населба Точила. Ја крстија „Бајка“. И’ дадоа име, а требаше да и’ дадат живот.
По „заслуга“ на неспособната локална власт и градоначалникот Борче Јовчески, кои ниту после 3 години не успеаја да ја стават во функција, за прилепчани “бајката“ прерасна во кошмар. Особено за оние родители кои се уморија чекајќи нивните деца да бидат згрижени во градинката.
Во својата изборна програма, Борче Јовчески и ДПМНЕ ветија изградба на детски градинки за 500 деца и експресно пуштање во употреба на градинката наследена од претходната локална власт на СДСМ. Ниту градинка изградија, ниту изградената ја пуштија – вели Кузмановиќ.