Поранешниот пратеник и Министер за транспорт и врски, Горан Сyгарески, од денеска официјално го презеде директорското место во Царинската yправа.
“Денес и официјално стапувам на нова должност. И во новиот професионален предизвик продолжувам чесно, посветено и транспарентно да служам на интересите на граѓаните и државата. Ќе сторам се’ да ја оправдам укажаната доверба. Упатувам благодарност на досегашниот директор за неговиот ангажман во Царинската Управа. Можеме уште повеќе и уште подобро! Нови професионални успеси за подобра иднина!”, напиша Сугарески на Фејсбук.