Советник во Советот на општина Прилеп си даде неотповиклива оставка

Советникот на Левица од Прилеп, Методија Костоски, си дал неотповиклива оставка од Советот на општина Прилеп, пишува во најновата колумна за порталот на “РАДИО ПЕЛА”, новинарот Зоран Момироски.

Според пишувањето на новинарот, Костоски пред се’ бил незадоволен од односот и работата на претседателот на Советот, Дејан Проданоски, кој досега одбил над 20 иницијативи и предлози од Костоски и Левица.

“НАД 20 ПРЕДЛОЗИ И ИНИЦИЈАТИВИ ОД КОСТОСКИ И ЛЕВИЦА ВООПШТО НЕ БИЛЕ СТАВЕНИ НА ДНЕВЕН РЕД. ДЕКИО ГИ ОДБИВАЛ СО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ СО НАВОДНА „ПРАВНА НЕПИСМЕНОСТ“. А ЕДИНСТВЕНАТА ЦЕЛ НА ОВОЈ СОВЕТНИК БИЛА КОЛКУ ТОЛКУ ПРИЛЕП ДА СЕ НАПРАВИ ПРИСТОЈНО МЕСТО НА ЖИВЕЕЊЕ. НАМЕСТО ДА СЕ ИЗВРШАТ ВОНРЕДНИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОРИ ПО БАРАЊЕ НА ГРАЃАНИ ДО КОСТОСКИ, ИНСПЕКТОРИТЕ „КОДОШЕЛЕ“ КАЈ ПРЕКРШИТЕЛИТЕ НА ЗАКОНОТ КОЈ ПРИЈАВИЛ” – пишува Момироски.

МЕТОДИЈА КОСТОСКИ ОСТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛОКАЛНИОТ КЛУБ И ЧЛЕН ВО ПОВИСОКИТЕ ОРГАНИ НА ПАРТИЈАТА. А СОВЕТНИЧКОТО МЕСТО ЌЕ ГО ЗАЗЕМЕ КАТЕРИНА ПУЗЕСКА- КОМЕРЦИЈАЛИСТ ОД ИСТАТА ПАРТИЈА.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.