Девојче на возраст од околу 14 години денеска попладне било прегазено со џип во скопската населба Волково.
Несреќата се случила во близина на училиштето, кога сиво теренско возило од засега неутврдени причини удрило во девојчето.
Очевидци велат дека ударот бил силен поради што девојчето имало сериозни повреди и крварело од главата. На лице место пристигнала Брза Помош по што девојчето било пренесено во болница. Тие велат дека станува збор за тешки телесни повреди иако за тоа немаме официјална потврда од доктор.
Официјална потврда се уште нема ниту од полицијата.