Црвениот крст од Прилеп во организирана акција со Локалната самоуправа на општина Прилеп, денес експресно се приклучија на повикот за помош на настраданите во поплавите што завчера го зафатија главниот град.
Голем број на граѓани на Прилеп денес го посетија центарот на градот и донираа: храна, хигиенски средства, вода и други наменски работи што на погодените граѓани од поплавите им се најпотребни во овие тешки моменти.
Градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески, информираше дека градот ќе отвори и дополнителни пунктови во одделни населби, за да се олесни собирањето на хуманитарната помош.
Исто така градот стои на располагање, доколку се потребни сместувачки капацитети за дел од настраданите семејства.
Прилепчани важат за доста хуман народ и тоа го покажуваат на дело. Акцијата продолжува и во наредните денови.
A.Г.