СО ЦЕЛОСНО НОВ СТИЛ: Бред Пит, Леонардо Дикаприо и Ал Пачино на снимањето на новиот филм на Тарантино (ФОТО)

Деветтиот филм на Квентин Тарантино има ѕвездена екипа. Бред Пит, Леонардо Дикаприо и Ал Пачино беа фотографирани на сетот во Холивуд, Калифорнија.

Филмските ѕвезди облечени во ретро стил снимаа нови сцени за „Once Upon a Time in Hollywood“.

Леонардо влегува во улогата на неуспешен актер од вестерн ТВ-серија, кој заедно со својот дублер (Бред Пит) се обидува да се пробие во филмската индустрија, во периодот кога се случуваат убиствата од страна на „семејството Менсон“.

Во крими филмот ќе ги видиме и Марго Роби, Дакота Фенинг, Лук Пери, Курт Расел, Барт Рејнолдс и Демијан Луис.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.