Со само 18 години, Meлиса Мованд тежела 135 килограми, па единственото нешто што можела да го носи била облека за трудници. Според австралискиот стандард, носела конфекциски број 24 (европски 52).
Тоа било тогаш. Мованд во меѓувреме го променила својот начин на исхрана и денеска на 29-годишна возраст тежи само 70 килограми. Таа открила дека нејзиниот проблем со тежината започнал уште кога била девојче. Вели дека била опседната со храна:
#World Obese woman forced to wear maternity clothes due to her size sheds 10 stone in jaw-dropping transformation https://t.co/EGDvJf1HKS https://t.co/QtpOuvYUHW pic.twitter.com/85jARD8yn5
— …david jones (@_dpaj) August 17, 2018
“Како дете носев храна во мојата спална соба, за да јадам подоцна. Секоја вечер ќе изедев крофни, брза храна, табла чоколадо и газирани сокови”.
Докторите и рекле дека мора да ги промени своите навики, бидејќи нејзината тежина би можела да ја одведе во смрт на само 18 години.
“Кога ми рекоа дека би можела да доживеам срцев удар и дека сум на работ да добијам дијабетис, сфатив дека морам нешто да променам”, рекла таа.
Цели пет години ја мачела тежината, кога конечно не го пронашла најдобриот начин за слабеење. Тој вклучува броење на калориите и контролирање на внесувањето на јагленохидрати, протеини и масти. Сега селективно пости и јаде многу протеини и здрави масти, а нив ги надополнува со многу овошје и зеленчук. Со тоа, Мелиса сега и редовно вежба, со цел да го зајакне мускулатурниот систем.
Taa денеска е друга личност. Нејзиниот изглед е непрепознатлив, а најдобро за тоа зборуваат фотографиите.