Со претставата Рибарот и рипката во изведба на театарската група “Ѓорѓи Колозов”, се отвори мултифункционална сала во општина Кривогаштани.
Прекрасната глума на актерите Владо Дојчиновски, Пируника Киселички, Дубровка Киселички, Давид Илич, предизвикаа радост и насмевка на детските лица во преполната сала.
-Делуваме и ќе делуваме за промоција на културата и пристапот на културни и социјални настани во нашата општина – велат од општина Кривогаштани.