Одбележувањето на карневалот, како и секоја година, завршува денес, со ручек од посно гравче кое го даваат „Прилепските мечкари“. Тоа е традиција и секоја година се одржува во некој верски објект, каде касапите се молат за прошка на своите гревови, а потоа се служи ручекот со посен грав кој претставува вистински специјалитет, зашто е подготвен само на масло, без вода.
„Традиционално еснафот од касапи го организира посниот ручек, поминавме добро и оваа година и успешно го затворивме 16-тиот по ред карневал „Прочка 2017“, посочи Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“.
Според градоначалникот Марјан Ристски оваа е вековна традиција, а всушност традицијата на мечкарите започнала токму од касапите, ние како град и општина Прилеп им даваме максимална поддршка не само на карневалот туку и на ова традиционално дружење“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.