По повод 02.10.2016г., патрониот празник на СОУ,,Ѓорче Петров” Прилеп, на 03.10.2016г. во народниот театар ,,Војдан Чернодрински “, во 15 часот се одржа Свечена академија. Своите постигнувања и заложби, учениците ги претставија пред многубројната публика, составена од професори, родители и ученици. А со своето присуство не почести и градоначалникот на општина Прилеп, г-инот Марјан Ристески, советникот од МОН за образование, г-инот Марјан Матракоски, како и директори од прилепските средни и основни училишта. Во пригодниот говор, нашиот директор г-нот Дејан Димоски го објасни значењето на овој датум, а учениците ги прикажаа своите способности преку разновидни содржини: драмски претстави, музички изведби, рецитации, мјузикли и модерни балети.