По повод денот на извидниците “22 февруари”, извидниците од извидничкиот одред “Феникс” – Прилеп одржаа повеќе активности.
Најпрво, под “Маркови Кули”, 26 млади се заколнаа дека ќе живеат и работат според извидничките правила и закони, а после таа церемонија, членовите се упатија во просториите на здружението за деца со посебни потреби “Порака”.
Tука извидниците заедно со децата изработуваа најразлични цртежи.
Извидниците од “Феникс” денот го завршија со прослава на вториот роденден на клубот.