Прилепската гимназија “Мирче Ацев” денеска одбележа 80 години од првиот одржан час. Во изминатите 8 децении гимназијата беше и остана расадник на голем број спортисти, уметници, лекари, интелектуалци… Денеска голем број генерации се сеќаваат на своите денови во гимназијата и посакуваат оваа образовна институција што повеќе да се развива во иднина.
Со своја честитка за големиот јубилеј на социјалните мрежи се обрати и екс градоначалникот на општина Прилеп и актуелен заменик министер за економија и труд, Марјан Ристески, кој се потсети на средношколските денови:
“Гимназија „Мирче Ацев“ во Прилеп слави голем јубилеј — 80 години настава на македонски јазик…
Ден кога прв пат во гимназијата одекна современиот македонски збор!
80 години од одржувањето на првиот наставен час на современ македонски јазик.
Историски датум со огромно значење, неизбришлив и длабоко врежан во историјата на македонскиот народ.
Од тој момент до денес, гимназијата е расадник на успешни кадри.
Горд сум што учев во неа, градев вредности во неа, храбро чекорејќи кон иднината!
Посакувам денешните и идни генерации да ја продолжат успешната приказна на претходните генерации, секојдневно продлабочувајќи ја љубовта кон науката”, напиша Ристески.