Со иклучувањето на уличото осветлување, во 20:30 мин и Прилеп се приклучи во одбележувањето на глобалната еколошка акција „Час на планетата Земја“ која синоќа ја поддржаа над 178 земји и 7.000 града ширум светот. Градот под Маровите кули и оваа година испрати јасна порака за спас на планетата Земја и се вклучи во заедничкaта светска акција за прoмeна на климатските промени. Локланата самоуправа секогаш се грижи градот да има и енергетски штедливи светилки за осветлување на улиците, со цел да се заштеди електричната енергија и да се подобри еко средината.
Република Македонија, седма година по ред се приклучува кон оваа глобална еко акција, насловена како „Час на планетата Земја“, а годинава со исклучувањето на осветлувањето на 66-те локации, таа ќе го надмине минатогодишниот рекорд.