Со велосипед на -17 степени до училиште: Речиси сите деца во ова училиште доаѓаат на настава со велосипед (ФОТО)

Пека Тахкола, урбан инженер и координатор за велосипедизам во градот Оулу во Финска, направил фотографија од локалниот училишен паркинг за велосипеди на -17 степени и снег. И покрај ваквите временски непогоди, училишниот паркинг за велосипеди е исполнет до последно место.

Колку и да ви изгледа чудно тоа што родителите ги пуштаат децата да одат на училиште со велосипед на вакви услови, во Финска тоа е нормално.

Пека направил обиколка низ училиштата во градот и разговарал со голем број наставници и директори, а притоа забележал дека доаѓањето на учениците на училиште со велосипед не е случај само во едно школо, но сепак во ова училиште бројот бил најголем.

Тој на Твитер напишал дека 1000 од 1200 ученици во ова училиште во Оулу доаѓаат со велосипед на школо, дури и во зима на -17 степени целзиусови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.