Maкедонија загуби во вториот натпревар од групната фаза на Европското првенство против Чешка (27:25).
Најголема причина беше разбранетиот голман на Чесите кој изгледаше како Никола Митревски во првиот дуел против Украина.
Иако загубија нашите момци одново покажаа карактер и жестока борба. Се вратија при разлика од 4 гола на 10-тина минути до крајот на натпреварот. Капитенот Лазаров на 40-годишна возраст постигна 11 погодоци, Георгиевски се бореше како да му е последен натпревар во кариерата. Манасков иако направи неколку престапи, постигна маестрални погодоци, одличен и младиот Танковски….
Пред нас е третиот натпревар во вторник против домаќинот Австрија. Мора да веруваме и мора да се надеваме на позитивен исход. Австрија не е противник кој е истакнат фаворит, сме ги добиле и можеме пак да ги добиеме.
Главата горе Македонци, со ваква публика и поразот е победа!