Како долгогодишни спортисти, а веќе неколку години и рекреативни велосипедисти, полициските службеници при ОВР Прилеп и припадници на Посебната единица на полицијата (ПЕП), Драган Илиоски и Филип Спиркоски, во четвртокот на 26.07. на велосипеди се упатија до манастирот Св. Василиј Острошки во Црна Гора.
Двајцата колеги досега често организираа интересни тури во околината на Прилеп и Битола, како и подолги релации низ Македонија, а ова им е прв пат да се упатат на толку далечна дестинација.
За неполни два дена двајцата колеги и другари извозија над 430км и во саботата попладнето пристигнаа на својата дестинација – едно од најголемите светилишта на Балканот.
“Нашата цел е постигната, го остваривме замисленото возење со велосипед од Прилеп до Острог. Голема благодарност до сите пријатели, другари и спонзори кои дадоа свој придонес за остварување на овој подвиг. Ви благодариме за искрените честитки и ви возвраќаме со молитва за здравје од Острог”, порачаа тие.