Со Божествена Литургија во Стара црква одбележан празникот Св. Три Светители, познат како “Денот на бакалите” во Прилеп

Bо храмот Св. Благовештение денеска беше одбележан празникот Светите Три Светители (Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов), познат уште како „Денот на Бакалите“.

Се одржа Божествена Литургија со која што чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.

Бакалите, односно трговците и дуќанџиите од Прилеп велат дека овој ден се празнува уште од 1954 година и претставува традиција на прилепскиот еснаф која што верно ја одржуваат низ годините.

Годинашен домаќин односно кум е Кирил Јандреоски. После црковната литургија на заедничка трпеза со дружба го одбележуваат патрониот празник во с.Лениште на манастирот Св.Петка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.