Со богата програма ООУ “Страшо Пинџур” денеска го одбележа својот патрон празник и 68 години од своето постоење (Фото галерија)

Со полагање свежо цвеќе пред спомен бистата пред училиштето и пригодна програма, одбележан патрониот празник на ООУ “Страшо Пинџур” во населеното место Мало Коњари.

ООУ „Страшо Пинџур“ во населено место Мало Коњари денеска одбележува 108 години од раѓањето на својот патрон, како и 68 години од постоењето на училиштето.

За патрониот празник учениците подготвија богата културна програма на која преку рецитали, драмски изведби, танци … го претставија живот и делото на народниот херој, Страшо Пинџур.

Исто така денеска се започна и со комплетно партерно уредување на дворот во ова училиште, инвестиција на Локалната самоуправа во висина од 1.200,000 денари.

Тука учениците и персоналот на училиштето ќе имаат прилика да одржуваат настава во летната училница, а исто така и да уживаат во ботаничкиот пластеник и хортикултурното уредување кои што се предвидени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.