Со 5 евра сакал да поткупи македонски полицаец: 21-годишен Грк заработи кривична пријава

Синоќа на автопатот Демир Капија-Неготино бил приведен Л.В.(21) од Грција, кој се обидел да поткупи полицаец за време на контрола на документи.

„Грчкиот државјанин управувал товарно возило „волво“ со полуприколка, со грчки национални ознаки. Имено, при вршење на контрола на документите кои возачот ги дал на увид, тој ставил банкнота од пет евра како поткуп“, објави полицијата.

Л.В. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Неготино, а по насоки на Јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка пред надлежен суд во Неготино.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.