Полицијата вчера напишала 49 казни за возење повеќе од дозволената брзина на територија на Град Скопје.
Меѓу казнетите е и возач за кого МВР објави дека со автомобил по скопските улици управувал со брзина од 167 километри на час.
Вкупно вчера, за разни прекршоци, полицијата во Скопје напишала 210 казни.