На годинашното 28. по ред издание на познатиот интернационален музички фестивал Охрид Фест – Охридски трубадури, кој се одржуваше од 10-11.09., Мелани Тарчуловска ја освои престижната награда Долни Сарај.
16-годишната Мелани за прв пат застана пред камерите и покажа дека дури и на оваа возраст може да се постигне голема професионалност во музиката.
Мелани на сцената блесна со преубав стајлинг и настапи со балада која ги освои срцата на публиката и стручното жири.
Песната се вика “А ти”, за која текстот и музиката се дело токму на младата Мелани, додека аранжманот се погрижи Иле Спасов.
Несомнено Мелани ја чека блескава музичка кариера и допрва ќе не’ радува со нови хитови.