Сноуден доби дозвола за постојан престој во Русија

Поранешниот соработник на американската Национална безбедносна агенција (НСА) Едвард Сноуден, по кого има потрага од Вашингтон, доби дозвола за постојан престој во Русија каде се наоѓа од 2013 година, соопшти денес неговиот адвокат.

“Руската миграциона служба денес на Сноуден му даде дозвола за постојан престој”, изјави адвокатот Анатолиј Кучерен.

Адвокатот на Сноуден рече дека дозволата важи на неопределено време и додаде дека то е овозможено благодарение на промената на законот за мигpaциja во Русија.

Барањето беше поднесено во април, но беше оддолжено поради епидемиjaта со кopoнавиpycoт.

Сноуден до сега имаше право на азил во траење од една година, потоа доби дозвола за престој од 3 години, која беше продолжена во 2017 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.