Без автобуси, без притисоци, водени од револтот кон актуелната власт на СДСМ, вечерва на улиците на Скопје илјадници граѓани излегоа да му дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во борбата против власта која заборави на ветувањата дадени пред граѓаните
Протестот на ВМРО-ДПМНЕ започна на плоштадот пред седиштето на опозициската партија, од каде насобраните се упатија пред Владата на Р.Македонија. Илјадници граѓани во еден глас бараа оставка од Зоран Заев и неговиот владин кабинет, барајќи одговорност за неисполнетите ветувања, уништената економија, катастрофалниот животен стандард, зголемената сиромаштија и невработеност.
Граѓаните бараа одговорост и за катастрофалните меѓународни договори со кои Заев се откажа од Македонската држава, нација, историја, култура и јазик.
„Од денеска почнуваме до крај, а крајот ќе биде кога ќе падне Зоран Заев и нема назад. И нема назад додека не падне и затоа едно големо “УА“ за Зоран Заев!“ – рече Мицкоски на бината пред Владата на Р.Македонија.
Затоа што го пониживте, омаловаживте и уништивте Македонецот во Македонците, додаде лидерот на опозицијата, затоа што ги пониживте и омаловаживте сите граѓани без разлика на нивната етничка и национална припадност. Ги пониживте и омаловаживте и затоа ќе ве поразивме жестоко од прв до последен, да знаете. И тоа ви го ветувам, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Нели ви е срам?, праша Мицкоски, за тоа ли луѓето ви го дадоа гласот?
Национално не уништивте! Направите Македонецот да биде рамнодушен на се!
„Ќе димензионираат трета година економија во Република Македонија, ќе димензионираат 3,2%. Па каде ви се тие 5%, така го лажевте ли народот? Или ви беше битно да дојдете до фотелјите за да можат тендерите да врват, а за да ви врват тендерите ја поништивте комисијата, Советот за јавни набавки, за да можете во 4 очи да го пљачкосувате и крадете македонскиот народ. “ – констатираше Мицкоски, коментирајќи ја катастрофалната економска состојба во земјата.