Снегот предизвика проблеми низ градот. На неколку места паднати гранки и кабли. Затоа внимателно движење низ улиците, особено под крошните од дрвјата – пишува порталот “Инфомакс”.
Синоќа до 19 часот висината на снежната покривка во Битола достигнала 11 сантиметри.
Тоа пак предизвикало проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот.
Битола ја активираше зимската служба и механизацијата на ЈП „Нискоградба“. Едни машини биле на сообраќајниците низ градот, а други низ Широк сокак во расчистување на снегот.
Денеска се очекува престанок на врнежите и краткотрајно разведрување, а нов влажен и потопол бран со врнежи претежно од дожд ќе има од утре, кога пообилни врнежи се очекуваат во западните делови.