Натпреварот од 20-то коло на Втората лига-Исток помеѓу Победа и Тиквеш, кој требаше да се одигра денеска, беше одложен поради обилните врнежи од снег.
Снегот кој врнеше во Прилеп од синоќа и пообилно во текот на денот и токму во времето предвидено за почеток на натпреварот(15 ч), беше причина капитените на двата тима Стојанче Дунимаглоски (Победа) и Ѓорѓи Мојсов (Тиквеш) во присуство на судиската четворка, делегатот и претставиците на клубовите, констатираа дека нема услови да се одигра натпреварот.
Двата клуба предложија на Комесарот за натпревари во ФФМ Игор Франговски мечот да се одигра следниот слободен викенд (на 27-ми или 28-ми март) во Прилеп, за кога се очекува подобрување на временските услови.
Сепак, ФФМ експресно ги презакажа неодиграните натпревари веќе за среда со почеток од 15:00 часот.