Снег во август како да е јануари: Побелеа планините во Италија и Словенија и тоа дебело! Температурите во минус (ВИДЕО)

Како што беше и најавено, големи површини од северозападниот дел на континентот во подрачјето на Алпите, предвреме го зафати зима, и тоа со дебела снежна покривка.

Иако е август, утрово се појавија фотографии и видеа од италијанскиот скијачки центар Алта Бади каде паднал дури 30 цм. снег.

Скијалиштетот се наоѓа во Дломити, а надморската височина се движи од 1324 до 2250 метри, пишува “Истрамет”.

Снег паѓа и на словенечките Кредарици. Според податоците, на овие планини дури 9 часа паѓал снег со температура на воздухот од -3 степени Целзиусови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.