Исак Граџин од Нови Сад, некогашен хемиски техничар, а сега пензионер – иноватор, за само 300 динари направил патент кој неговото семејство го спасува од летната горештина.
Патентот на Исак започнува под земја, од бунарот во дворот и продолжува во подрумот. Една цевка до хидроводот, една до купатилото и наместо повеќе од 30.000 динари, неговиот клима уред чини само 300.
“Фрижедерот го добив од автомеханичар, вентилатор имав, купив црево за 300 динари, ете тоа е целиот трошок. А, 30.000 динари, ќе признаете, за клима уред, нема секој денеска да даде, тоа е голем трошок”, вели Исак.
Дури и водата не е трошок, затоа што доаѓа од бунарот, а дури е и неколку степени поладна од онаа која доаѓа од градскиот водовод. Добрата изолација на цевките прави подобар ефект во просторијата. Исак планира да поработи на естетскиот дел на својот пронајдок, со цел истиот да изледа подобро визуелно.