СН Осигурителен Брокер ја продолжува својата општествено одговорна мисија: Потпишан Меморандум со УКЛО за три стипендии и вработување на студент од Факултетот за туризам (Фото)

Денеска во просториите на Ректоратот на Универзитетот “Св. Климент Охридски”, потпишан е Меморандум за соработка помеѓу УКЛО и Осигурителното друштво СН Осигурителен Брокед АД Битола. Преку овој Меморандум компанијата СН Осигурителен Брокер се обврзува да вработи еден студент од Фактулетот за туризам и угостителство од Охрид, од смерот осигурување, како и доделување на три стипендии за студенти од истиот смер. За стипендиите дополнително ќе се распише конкурс.

Меморандумот за соработка го потпишаа Извршниот директор на СН Осигурителен Брокер, Зоран Пејчиновски и Проф. д-р Сашо Коруновски, ректор на УКЛО.

На настанот своја изјава имаше Марија Илковска, Советник за маркетинг во СН Брокер.

„Денешниот настан за нас е важен од неколку аспекти!

-СН Осигурителен брокер АД Битола и овој пат како општестено одговорна компанија помага во образованието, им помага на младите. Нашиот интерес и досега беа спортот, културата, екологијата, граѓаните на кои помош им е најпотребна.
-Вработуваме еден од најдобрите студенти од Факултетот за туризам и угоститетлство, насока осигурување
-Доделуваме три стипендии, исто така за студентите од овој факултет и оваа насока, по претходно објавен конкурс
-На овој начин воспоставуваме и развиваме стратешка соработка со УКЛО и застануваме како најсилен столб за поддршка на младите.

Оваа соработка со Универзитетот Св. Климент Охридски, особено не прави горди заради фактот што директно, иако скромно, придонесуваме за развојот на образованието на младите, кои што се и треба да прераснат во столб и силна потпора на нашата иднина. Времињата се тешки, а можеме од овие невремиња да излеземе само со развојот на науката, образованието, со подготовката на младите луѓе сами да се оспособат и да го планираат и креираат својот личен развој, но и сопствената економска независност.

Во периодот што претстои, за трите стипендии за студентите од насоката осигурување, од Факултетот за туризам и угоститетлство ќе биде објавен огласот, на кој што тие ќе можат да аплицираат.

Она што претставува пак, особен предизвик, за секој студент на насоката осигурување е можноста да биде вработен во нашата компанија СН Осигурителен брокер АД Битола. За оној кој што ќе постигне најдобри резултати, вратите на СН Осигурителен брокер АД Битола се отворени.

Нашата намера е, покрај давањето шанса за најдобрите, компанијата да ја градиме со млади, високо едуцирани и перспективни менаџери за осигурување, а со тоа стануваме место каде што теоретското знаење оптимално ќе биде применето во реално и динамично бизнис опкружување.

Почитувани стипендисти и студенти, посветете им се на знаењата и вештините, чекорете храбро во науката, а потоа и во бизнисот, тоа е вашата шанса, тоа е сигурниот пат до Вашиот успех. Од денес сите сте во еднаква позиција, ќе ве оддвојат трудот, посветеноста, страста и знаењето, а за најдобрите местото во СН Осигурителен брокер АД Битола секогаш е слободно.

СН Осигурителен брокер АД Битола, од денес застанува во недвосмислена поддршка на младите, а за новите форми и начини веќе размислуваме!”, изјави Илковска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.