СН Осигурителен брокер го следи примерот на светските компании: Организираа тим билдинг со најдобриот Д-р Жарко Костиќ за своите вработени (Фото)

По примерот на светски реномираните компании, СН Осигурителен брокер АД Битола изминатиот викенд организираше тим билдинг за своите вработени. Настанот се одржа во Охрид, а на мотивацијата и издигнувањето на капацитетите на човечките ресурси на компанијата се посвети најдобриот, Д-р Жарко Костиќ.

Соопштението од компанијата во целост го пренесуваме во продолжение:

Мотивацијата е една од клучните алатки за градење силен и инспириран тим. Само со енергија, инспирација и креативност, мотивацијата го поставува тимот на ниво, каде успехот е неизбежен.

СН Осигурителен брокер АД Битола како компанија, многу пати потврдила дека фокусот и е врз мотивацијата на нејзиниот тим и градењето на човечките ресурси и професионалните капацитети.

Викендот што помина го посветиме токму на тоа.

Три дена посветени на работа, дружба, учење и стекнување вештини. Само мотивираниот човек стигнува до успехот.

Се мотивиравме од најдобрите. Со д-р Жарко Костиќ само потврдивме дека ако ја развиваме и градиме мотивацијата можеме да бидеме најдобри.

Најдобри во сопствениот професионален развој, најдобри во квалитетот кој што им го нудиме на нашите клиенти.
За идните проекти, за нашиот развој, за успесите и целите кон кои се стремиме замислете лично од нашите први луѓе чувме во еден сосема невообичаен амбиент – водите на прекрасното Охридско езеро, на патот за Св. Наум, местото на вечниот извор на енергијата, креацијата, инспирацијата.

Ние, вработените, тимот на СН Осигурителен брокер АД Битола, сите бевме таму, од петокот до неделата, стопроцентно подготвени да усвојуваме нови знаења и вештини, но и да се запознаеме подобро меѓу себе и со секој чекор да стануваме се подобар тим, тим со подготвеност за поддршка едни на други и тим со безрезервна меѓусебна доверба.

Да, ние сме одговорни и сето ова со огромна енергија и задоволство го направивме со стопроцентно почитување на сите протоколи, кои ги налага КОВИД 19.

Ние, од СН Осигурителен брокер АД Битола сме подготвени и чекориме напред, ние сме тим, кој може да им одговори на предизвиците и остануваме најдобри за нашите клиенти.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.