Слушнете ја песната “Оган” со која прилепчанката Мила Москов ќе ја претставува Македонија на детскиот Евросонг (Видео)

Прилепчанката Мила Москов со песната „Оган“ или „Fire“ ќе ја претставува Македонија на детскиот Евросонг во Полска.

Песната и спотот беа премиерно прикажани на националниот сервис МТВ вчера вечерта.

Песната „Оган“ е музичко дело на едни од најдобрите во нашата земја Лазар Цветковски како автор на музиката и аранжманот, Магдалена Цветковска го напиша текстот, а видеоспотот е дело на Даниел Јовески.

Мила Москов, ученичка во основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп ќе ја претставува Македонија на 17. Јуниорски евросонг 2019 кој ќе се одржи на 24 ноември во Гливице, Полска.

Погледнете го спотот на Мила со песната „Оган“:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.