Словенија и официјално прогласи крај на епидемиjaта на кopoнавиpycoт, откако и во изминатите 24 часа немаше ниеден позитивен тecт, објави владата.
Во земјата три дена по ред нема нов случај на коронавирус, ниту починати од оваа болест, додека во болниците се лекуваат само уште шест лица.
И покрај тоа што епидемијата заврши, на сила остануваат некои мерки, како социјално дистанцирање и задолжително носење маска на местата каде што не може да се држи растојание. И натаму важат ограничувања за масовни јавни собири, при што сега се дозволени настани со најмногу 200 луѓе.
Благодарение на добрата епидемиолошка слика, во Словенија денеска се отвораат поголеми хотели, спа и фитнес центри и базени и почнува наставата во основните училишта.
Словенија го пријави првиот случај на коронавирус на 4 март и во меѓувреме имаше 1.473 заразени и 108 починати.