За сите заинтересирани за живот и работа во Словенија, Заводот за вработување на Република Словенија ги организира истоимените настани, оваа недела, од 16-ти до 19-ти јуни, во Куманово, Прилеп и Охрид.
На настаните, покрај претставниците на Заводот за вработување, ќе учествуваат и истакнати словенечки работодавачи, од различни дејности како: производство, градежништво, транспорт и логистика, туризам и угостителство, здравство и социјална грижа и од други области.
Целта на настаните е да се презентираат актуелните потреби на работодавачите и притоа на сите оние кои бараат работа да им се обезбедат веродостојни информации за условите за работа и живот во Словенија.
Настаните ќе се одржат од 10 до 17 часот во:
- Куманово, на 16-ти јуни (понеделник) – ресторан „Палас Гарден“,
- Прилеп, на 17-ти јуни (вторник) – хотел „Кристал Палас“,
- Охрид, на 19-ти јуни (четврток) – хотел „Метропол“.
Улогата на Заводот за вработување на овие настани е да ја зајакне информираноста на работниците, односно да го подобри нивниот пристап до информации за правата, постапките за вработување, законодавството и сл.
Групните презентации на сите локации ќе се одржуваат двапати дневно: во 12:00 и во 15:00 часот. Исто така, ќе биде овозможено и индивидуално советување со консултантите на Заводот. Претходна резервација за присуство на настаните не е потребна.