Времето во Македонија ќе биде облачно со услови за краткотраен слаб дожд само на северозападот од земјата. Попладне и кон крајот на денот ќе биде облачно со врнежи од дожд насекаде, поинтензивни ќе бидат врнежите во источните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер кој на крајот од денот повремено ќе се смени во засилен северозападен ветер, особено ќе биде забележлив во источните делови од земјата.
Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 17 до 23 степени.
Повремен дожд ќе има и во среда попладне и преку ноќта кон четврток, а во четврток врнежите ќе бидат поинтензивни особено во западните и јужните делови од земјата каде што повремено може да имаат и пороен карактер.