Курсот на еврото во однос на американскиот долар минатата недела падна 2,9 отсто, на1,1018 долари, најниско ниво од почетокот на август.
Еврото ослабе и во однос на јапознатта валута за 1,3 процети, на 133,8 ниско ниво за еден месец. Курсот на доларот во однос на јените скокна 1,7 отсто, на 121,45 јени.
Најголемиот неделен губиток на еврото во однос на доларот е последица на најавата на Европската централна банка дека нејзините челници во декември ќе разгледуваат дали ќе се воведуваат дополнителни поттикнувачки мерки.
Како што се очекуваше, челниците на ЕЦБ, на седницата во четвртокот одлучиле клучната каматна стапка да остане непроменета на рекордно ниско ниво, од о,05 отсто, додека претседателот на банката Марио Драги, посочил дека ЕЦБ во целост ќе ја спроведе прогрмата за купување имот за 60 милијарди евра месечно, а би можела да го приложи во септември следната година.
Можноста за понтамошно слабеење на монетарната политика на европската валута
Аналитичарите сметаат дека потенцијалот за понатамошно слабеење на еврото е многу значаен, па проценуваат дека неговиот курс би можел да се враи на најниско ниво, од околу 1,05 долари.
Освен еврото, во однос на доларот минатата недела значитело ослабнал и швајцарскиот франк, бидејќи се шпекулирадека швајцарската централна банка мора да ги зголеми негативните каматни стапки на депозитите ако ЕЦБ дополнително ја олабави монетарната политика.