Синоптичарите за утре попладне и во текот на следната недела најавуваат честа појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
– Ќе се задржи топлото време, но со постепено опаѓање на дневната температура, велат синоптичарите.
Во Скопје, во следните денови во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.