СЛЕДЕТО ГО ВО ЖИВО ОТВАРАЊЕТО НА НАЈГОЛЕМИОТ АЕРОДРОМ НА СВЕТОТ ВО ИСТАНБУЛ

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Истанбул ќе го отвори најголемниот аеродром на светот, во присуство на повеќе од 50 високи функционери од целиот свет, меѓу кои и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.

По завршувањето на работата, аеродромот ќе содржи шест одвоени писти, ќе има капацитет за 500 авиони, паркинг од отворен и затворен тип со капацитет од 70.000 возила и годишно ќе опслужува околу 200 милиони патници.

Се очекува на аеродромот дневно да слетуваат и полетуваат 2.000 авиони, кон повеќе од 350 дестинации, а своите услуги ќе ги нудат 250 авиокомпании.

Првиот лет е закажан за 31 октомври кон Анкара со авион од типот „Боинг 777“ на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines).

Новиот аеродром во Истанбул е лоциран на 35 километри северно од градот, а неговата изградба започна во јуни 2014 година. Сега е завршена првата од вкупно четири фази на изградба.

Аеродромот се простира на 76,5 квадратни километри и истиот досега Турција ја чини 10,5 милијарди евра.

За споредба аеродромот е три ипол пати поголем од оној во Франкфурт.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.