СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Протест „Бојкотирам уставни измени“

„Бојкотирам уставни измени“. Под ова мото, денес во 18 часот ќе се одржи протест пред македонското Собрание.

Организаторите велат дека ова е протест на кој народот ќе го крене гласот против нелегалната промена на името и бришењето на АСНОМ.

Протестот можете да го следите во живо:

Најавата за протест, ја пренесуваме во целост:

Во согласност со ПРОГЛАСОТ на #Бојкотирам уставни промени се организира натпартиски и сенароден протест за да го спречиме генерацискиот грев и да ја зачуваме Република Македонија за идните поколенија.

#Бојкотирам уставни промени е народна побуна против легитимизација на историското предавство преку нелегално и фингирано 2/3 мнозинство за промена на уставот на Република Македонија, кое делува спротивно на вољата на народот изразена на референдумот на 30-ти Септември.

Бараме:
– Итно и безусловно запирање на процесот на Уставни промени.
– Еднострано правно поништување на октроираниот преспански договор кој беше јасно отфрлен од народот на референдум.
– Стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право.
– Трајна заштита на името на државата, Македонија.
– Распуштање на делегитимизираното собрание и распишување вонредни парламентарни избори.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.