Најголемиот вселенски телескоп „Џејмс Веб“ денеска треба да биде лансиран. Вселенскиот телескоп на НАСА вреден 10 милијарди долари ќе биде лансиран на ракетата Ариан-5.
За неговото дизајнирање и изработка потребни биле 30 години, а се смета за еден од најголемите научни потфати на 21 век.
Мисијата на „Џејмс Веб“ е да ги дополни откритијата на вселенскиот телескоп Хабл, на кој по 31 година во орбитата му се ближи крајот.
„Џејмс Веб“ ќе може да види подлабоко во космосот. Целта е да се видат и некои од првите ѕвезди и галаксијата кои се формирале.
Телескопот ќе може да ја испита атмосферата и на одалечените планети за да се види дали има гасови кои може да водат кон присуство на живот.