Целта(барем онаа официјалната) на пржинскиот договор беше решавање на политичка криза која што во континуитет ја создаваат таканаречените “македонски социјалдемократи“. И, тука нема ништо спорно и нејасно за македонската јавност. Но, како времето одминува сè повеќе станува јасно дека покрај свесно формулираната и експлицитна цел постоеле и скриени, имплицитни цели и задачи на дел од модераторите и медијаторите на пржинскиот договор.
Во тој контекст, овој дел од модераторите и медијатори на пржинскиот договор, веќе, препознатливи во јавноста како “социјалдемократски дел на модератори и медијатори на прислушкувањата, политичката криза и пржинскиот договор“ сè однесуваат, меѓудругото, како да избегнуваат да ги исполнуваат прокламираните официјални цели и задачи со овој договор. Всушност, наместо да инсистираат на нивна реализација за да се решат општествено-политичките фрустрации што ги наметна нефункционалната опозиција во нашата држава, тие на манипулативен начин ја одбегнуваат таа улога. Притоа, суптилно реализираат тајна агенда на скриените цели и задачи со кои што се прави обид да се блокира и доведе во состојба на хаос функционалноста на државните системи и институции. Ако сум во право, а сум, тогаш очигледно è дека “социјалдемократските модератори и медијатори на пржинскиот договор“ ја туркаат државата во провалија.
Да ги појасниме работите. И покрај тоа што со пржинскиот договор беа запазени светските стандарди од сто дена за подготовка на предвремените парламентарни избори со техничка влада, претседателот на владеачката партија Никола Груевски, под притисок на “социјалдемократските модератори и медијатори на пржинскиот договор“ направи преседан во македонски услови. Тој, во својот стил на вистински национален водач кој води грижа за севкупното општествено, политичко и социјално здравје на државата, покажа дека се грижи и за оздравување на болниот дел во општеството, притоа, дозволувајќи дополнителни педесетина дена за рехабилитација на македонските социјалдемократи и опозиција за да се подготват да го прифатат изборниот суд на граѓаните на 5-ти јуни. Така, периодот до изборниот суд на граѓаните сè прошири на сто и педесет денови. Практично, тоа сè сто и педесет дена функционирање на државата со кочничарење од страна на “социјалдемократските модератори и медијатори на пржинскиот договор“ и нивните кочничари инсталирани во техничката влада.
Ова е преседан, кој не само што е позитивен пример за политичка трпеливост и зрелост на политичките водачи, туку è и доказ за оспособеноста на државните институции и системи на Р.Македонија да бидат функционални и во услови на нездрави(кризни) ситуации, а што е резултат на моделот на доброто владино управување креиран од претседателот на владата Никола Груевски и неговиот тим. Ефикасното функционирање на државните системи и институции со техничка влада во која што се инсталирани кочничари на функционалноста на државата од страна на “социјалдемократските модератори и медијатори на пржинскиот договор“, а во услови на кризни настани создадени од надворешни и внатрешни “производители“ на бегалски, безбедносни, политички и економски кризи è најголем доказ за доброто системското управување на државата имплементирано од моделот на владино управување на Никола Груевски и неговиот тим.
Меѓутоа, проблемите со пржинскиот договор не завршуваат тука, на ниво на одлагање на изборниот суд на граѓаните. Тие сè уште подлабоки. Под негова закрила, она што најмногу го работат “социјалдемократските модератори и медијатори на прислушкувањата и политичката криза“ è тоа да се борат. И тоа многу. Не можам да ги критикувам за мрзеливост во класичната смисла на тој збор. Но, да не бидеме наивни тоа нè е несебична борба, туку валкана игра. Нивното слепило за граѓанските слободи, го охрабрува духот на манипулација и “валкани трикови“ на прислушкувања со кои што е проткаена целата борба за власт на “водачите“ на македонската социјалдемократија и тоа не само во сегашноста, туку од почетокот на демократската политичка реформа од дведесеттите години на минатиот век. Аферите под псевдонимите, „сина прица“, „големото уво“ и „бомбите на Заев“ се тактиките на таквата валкана борба за власт на водачите на македонските социјалдемократи во минатото и сега. Опседнати со овој вид на “герилско војување“ за освојување на власта, тие заборавија дека официјалната цел на пржинскиот договор è да се разбие илузијата за можноста за постоење и креирање на изборни фалсификати. Нивното учество во техничката влада è токму заради тоа. Со пржинскиот договор учеството на водачите на македонските социјалдемократи во техничката влада, не е да презентираат добро владеење. Тоа, и содржината што со себе ја носи оваа синтагма добро владеење, водачите на македонските социјалдемократи и опозиција не знаат ниту како изгледа, а не, пак, да ја овозможат за македонската држава. Всушност, техничката влада нема овластувања од тој тип-презентација на модел на добро владеење. Водачите на македонските социјалдемократи ја побркале својата улога во техничката влада.
Конечно, две суштински прашања ја проткајуваат целата оваа борба со валкани трикови со прислушкувања, манипулации и пржинскиот договор: Дали ние граѓаните на Р.Македонија, борбата со “социјалдемократските модератори и медијатори на прислушкувањата, политичката криза и пржинскиот договор“ треба да му ја препуштиме само на претседателот на владеачката партија Никола Груевски и неговиот тим, а ние, граѓаните на оваа држава, да гледаме на “пожарот“ како слепи посматрачи кои што гледаат како гори сè што создале нивните предци и потомци или, пак, ќе се вклучиме смело на одбраната на идентитетот и интегритетот на македонската држава? и, Дали на предвремените парламентарни избори на 5 јуни, нашата држава ќе им ја препуштиме на “социјалдемократските модератори и медијатори на прислушкувањето, политичките кризи и пржинскиот договор“, т.е. на оние што сакаат да успеат во атмосфера на хаос кој што се обидуваат да го создадат со бескрајни интриги и манипулации, односно да им го препуштиме владеењето со државата на оние што со целиот свој политички ангажман сè докажале како посветени на користољубието?
Д-р Зоран Петрески
Авторот е доктор на науки по јавна администрација