Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за среда од 18 часот најави протести на кои ќе се бара намалување на цената на струјата.
Мицкоски смета дека државата има пари но дека тие се трошат за поткуп на гласачи а трошокот треба да го поднесат корисниците на електрична енергија кои од овој месец треба да плаќаат поскап киловатчас.
На протестот Мицкоски ги повика и сите други опозициски со цел да се урне „мафијата на власт“. Тој признава дека со некои од нив имаат различни ставови за одредени политички цели и концепти но смета дека сите граѓани и организации како и партии треба да бидат дел од општественото обединување против мафијашката група на власт.