Генералниот директор на „Пивара” Скопје, Горан Сладиќ, истакна дека проектот целосно ги поддржува заложбите на „Пивара” Скопје за одржливост согласно платформата „Свет без отпад до 2030 година”, како и намалување на нето јаглеродните емисии на компанијата до 2040 година.
Нова долгорочна платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.”, чија главна цел е заштита на животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и заштита од загадување, промовираа денеска „Скопско”, во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и компанијата „Пакомак”.
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на прес-конференцијата во „Пивара” Скопје посочи дека една од клучните мисии во заштитата на животната средина на МЖСПП е воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад со што еднаш за секогаш ќе се реши проблемот со расфрланиот смет низ државата и безбројните диви депонии што даваат грда слика на големото природно и културно богатство со кое оваа држава изобилува.
– Од таа причина ние како Министерство сме отворени за соработка и за поддршка на сите оние што сакаат да се вклучат во тој процес, било со конкретни активности, било со акции за подигнување и градење на свеста дека отпадот има свое место, дека секоj отпад не е ѓубре и најголемиот дел има употребна вредност, а дека со градење на добри навики за постапување со отпадот придонесуваме за чиста животна средина, за зајакнување на економијата и најпосле и за заштита на сопственото здравје – изјави Нуредини.
Генералниот директор на „Пивара” Скопје, Горан Сладиќ, истакна дека проектот целосно ги поддржува заложбите на „Пивара” Скопје за одржливост согласно платформата „Свет без отпад до 2030 година”, како и намалување на нето јаглеродните емисии на компанијата до 2040 година.
– „Пивара” Скопје е компанија со стогодишна традиција, но целосно посветена на иднината и на одржливиот развој. Преку силата на нашиот најпознат македонски бренд скопско, ја започнуваме долгорочната платформа, Наша гордост. Наша одговорност.”, која се фокусира на животната средина и повисоката цел која „Скопско” како бренд ја има – да ја поддржи заедницата, да ги обедини и инспирира луѓето да делуваат за да го направиме светот подобар, сите заедно. Заедно ја делиме одговорноста за да го исчистиме и да го заштитиме од загадување она што е наша гордост – природните и културни обележја на нашата земја – потенцираше Сладиќ.
Извршниот директор на „Пакомак” Филип Ивановски потенцираше дека рециклирањето е еден од најлесно применливите модели од циркуларната економија кон која стремиме, а со селекцијата и рециклирањето на отпадот најбрзо и најлесно може да придонесеме како индивидуи кон спас на нашата земја и планетата.
– Навистина сме горди што „Пакомак” е дел од овој проект, прв од многуте проекти кои ќе бидат инспирирани од визијата за позелена иднина. И како што вели нашиот слоган, би ги повикал граѓаните и компаниите да „селектираат иднина” и да не поддржат во оваа наша заложба – порача Ивановски.
„Наша гордост. Наша одговорност”, опфаќа повеке активности за чистење и заштита на Охридското Езеро, со целосна поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, „Пакомак”, општините Охрид, Струга и Дебрца, нуркачките клубови Амфора и Акватек, волонтерите од „Пивара” Скопје и „Мен анд Маунтаин”.
Во акцијата за најава на платформата беа исчистени над 100.000 метри квадратни површина од отпад од дното и крајбрежјето на Охридското Езеро.
За наредната година планирани се уште неколку акции за чистење, како и активности за пошироко вклучување на заедницата, за јакнење на свесноста и заштита на националната гордост Охридското Езеро. Во годините кои следат „Скопско” ќе опфати и други национални обележја во нашата земја.