СКАНДАЛОЗНО ВИДЕО: “Деца питачи по скопските улици, Царовска нема решено ниту еден проблем до сега???”

Скопските улици вријат од деца питачи.

Боси, на врнежливо време, среде улица лутаат од автомобил до автомобил и бараат пари.

Министерката наместо да се фати за работа и да ги почне да ги спроведува работите кои ги ветуваше за време на изборите, ниту едно од ветувањата кои ги даде не ги исполни.

Таа дури и од собраниската говорница ревносно изјавуваше дека „нема деца питачи по скопските улици“. Но фактите кажуваат сосема поинаку.

Не само што има деца питачи по главните сообраќајници, туку тие се буквално насекаде. Доволно е да е се прошета само по Камениот мост, Старата скопска чаршија, низ трговските центри и по главните пешачки улици, ќе се видат десетици дечиња како просат.

Видеото во продолжение е снимено во текот на вчерашниот ден:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.