Поранешниот англиски репрезентативец Адам Џонсон стана уште поомразен во фудбалските кругови. Тој моментално ја отслужува затворската казна поради сескуално злоставување на 15 годишна девојче.
Снимен е во затвор како разговара со останатите затвореници. Со своите изјави тој го допре дното.
-За шест години колку што добив, би сакал да ја силував. Не го ни извадив, им одговори Џонсон на другите затвореници. Џонсон смета дека добил долга затворска казна само затоа што е позната личност.
Тврди дека немал сексуални односи со девојчето, но дека ја заведувал. Не помина многу време после скандалот кога тој беше избркан од својот тогашен клуб, Сандерленд, а го остави и вереницата.
-Ако заведеш некоја девојка на излегување, а утрото не се сеќаваш на тоа, веднаш се појавуваат приказни за силување. Тоа го прават девојките. И мене ме тужеа затоа што сум славен. Човече, па некои имале секс до 12 годишни девојчиња и за тоа добивале по 12 месеци, се пожали Џонсон, не знаејќи дека се снима.