Веројатно во духот на пријателството, во кое Заев напразно се обидува да го убеди Македонскиот народ, министерката за надворешни работи на соседна Бугарија во изјава за меиумите посочи дека Македонски народ не постои, односно, Југославија „перела мозоци“ со цел наметнување на нов, измислен идентитет на Балканот
Ќе треба да помине време за да се избришат трагите од „перењето мозоци“ од страна на бивша Југославија дека постојат Македонци – вели Захариева, одговарајќи на прашање поврзано со аферата со издавање на бугарски пасоши.
“Бугарија е првата земја во светот која ја признава Република Македонија под нејзиното уставно име. Сакам експлицитно да истакнам дека ставот на Бугарија бил исклучително принципиелен и непроменлив од сите Влади досега. По говорот на омраза од македонска страна поставивме услов да се постигне Договор за добрососедство за започнување на преговори за членство на Македонија во ЕУ и НАТО. Нашата примарна цел е да спречиме искривување на историските настани, а не да создаваме омраза меѓу двете земји.“ – вели Захариева.
Захариева продолжи да објаснува дека изјавата во врска со името „Северна Македонија“ преставувало опасност од територијални претензии Бугарија, бил „тактички потег“ на властите.
„Бугарија требала да помисли на прифаќање на името на Македонија уште во 1992 година, доколку се сметало дека ова ќе е проблем. Но, мислам дека тоа не беше грешка, туку знак за добрососедски и пријателски однос. Треба да помине време за да се избришат трагите од „перењето на мозоците“ од страна на бивша Југославија дека постојат Македонци“ – заклучува Захариева.
Извор: infomax.mk