Вонредна состојба беше прогласена вчера во Република Македонија. Причината за ваквата одлука е коронавирусот од кој секој ден има повеќе заболени.
Но, вонредната состојба се чини, немало само цел да се избориме како држава со епидемијата, па дојде и до нејзина злоупотреба.
Имено, состојбата се злоупотребува за да се носат одлуки за избор на судии.
Во Службен весник веќе се објавени одлуките за избор на вкупно 10 судии.
Се донесоа одлуки за избор на судии во Кривичен, Основен граѓански и Апелационен суд.
Оваа одлука е во најмала рака скандалозна, бидејќи изборот на судии се врши во врема додека државата е во вонредна состојба, а граѓаните во страв поради коронавирусот.
Државата овие денови треба да ги помине во битка против вирусот и заштита на здравјето на граѓаните, а не во избор на судии.
Извор: “Курир”