Иако договорено и потврдено, Претседателот на СДСМ Прилеп и Претседател на Советот на Општина Прилеп, Миле Талески, не дојде на дуел во Радио “Пела” со Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески.
Зошто избега од вистината и од фактите дека Прилеп е двојазичен, дека ја поддржува промената на името во Северна Македонија, зошто цената на водата не е намалена за 20%, зошто Прилеп пропаѓа цела година, слушателите немаа можност да слушнат?
Тие што во минатото бараа дуели во интерес на јавноста, денес секојдневно бегаат.
Се очекува и одговор од пратениците Смилеска и Локвенец за фрлената ракавица и дуел на телевизија “Канал ВИЗИЈА”.