Најбогатиот хаусмајстор во Макеоднија, Кочо Стојчевски заработи кривчна пријава откако заедно со неговиот брат минатата недела со стапови и секира претепаа шеснаесет годишен крушевчанец – пишува порталот “Инфомакс”.
Полицијата со кривична пријава ја потврди информација на “Инфомакс” објавена минатата недела, а во врска со крвничкиот напад врз тинеjџер од Крушево од страна на Кочо Стојчевски, хаусмајстор во општина Центар и неговиот брат.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево поднесе кривична пријава против М.С. (40) и К.С. (39), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „насилство“.
Настанот се случил на 5. август 2018 година околу 1 часот во Крушево на улицата Мише Ефтим, додека две лица на возраст од 15 и 16 години седеле на скали пред вила на улицата. Првопријавениот од тераса од неговата куќа ги замолил да бидат тивки, по што се симнал и започнал расправија со 16-годишното лице, а потоа и физички го нападнал удирајќи го со дрвен предмет во пределот на главата и телото. Во нападот му се приклучил и второпријавениот и заедно го фрлиле детето преку оградата, нанесувајќи му телесни повреди – пишуваат од “Инфомакс”.
Целата информација прочитајте ја ТУКА